24фудбал

Само во Грција: Кога си на ВАР должност, а ќе ти пристигнат ќебапчињата... (ФОТО)

Една доста необична ситуација во ВАР собата за време на меч од фудбалскиот шампионат кај нашиот јужен состав ги насмеа многумина љубители на фудбалот.

Останато

Од овој викенд стартуваа и возбудувањата во фудбалскиот шампионат во Грција, а од таму ни пристигнува една доста интересна и не баш вообичаена ситуација, па сосема нормално, со оглед на моќта на социјалните мрежи, таа низ фотографија веднаш стана популарна.

Се работи за лицата во ВАР собата, кои се задолжени за прегледување на снимките во моменти кога не може да се процени точно одредена ситуација од натпреварите, ним за време на својата должност директно до собата им пристигна порачаната храна, па оваа фотографија за момент се стекна со светска слава.

Моментот се случил за време на вчерашниот меч помеѓу Ламиа и Панатинаикос, кој заврши со реми од резултат 1-1, па на ТВ снимката била прикажана ВАР собата откако било неопходно да се процени една одлука од мечот, во истата ситуација се забележува како едно лице ја остава храната за веројатно, „гладните“ официјални лица, сепак, останува дилемата за тоа за каква храна станува збор, некои пишуваат за традиционалното грчко суфлаки, а некои пак ќебапи...