24фудбал

Витоло донесе нови три бода за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид прокнижи три нови бода во Примера, овој пат славеше на гостувањето кај Леганес со минимални 1-0.

Шпанија

Исто како и во првото коло, Атлетико Мадрид до победа дојде само со еден погодок.

Тимот на Симеоне пропушти неколку шанси пред 71. минута кога беше постигнат единствениот гол. По асистенција од Жоао Феликс, Витоло даде гол за победа од 1-0.

По две одиграни кола во Примера, само Севиља и Атлетико Мадрид имаат по шест голови.