24фудбал

ПСЖ со контра понуда до Барселона, за да го продаде Нејмар бара 100 милиони евра плус Семедо плус Дембеле

Од Франција пристигнува информација за барањата кои ПСЖ ги има за да дозволи Нејмар да се врати на Камп Ноу, „светците“ бараат 100 милиони евра плус услугите на Семедо и Дембеле.

Франција

По пишувањата на медиумите од Шпанија за нов состанок на лидерите на Барса за да се состави нова понуда за услугите на Нејмар, од Франција пристигнува информација за контрапонуда од ПСЖ.

Ле Парисиен пренесе дека „светците“ за да му дозволат на Бразилецот да се врати на Камп Ноу бараат 100 милиони евра, плус услугите на Семедо и Дембеле.

Ова е зделка од 250-300 милиони евра, бројки за кои се споменуваше кога прв пат се пишуваше дека Нејмар може да замине од Париз, но потоа имаше неколку стории кои велеа дека ПСЖ ќе прифати и далеку помалку.