24фудбал

Извлечена е ждрепката во ЛЕ, Партизан го доби најзвучното име, Манчестер јунајтед доаѓа во Белград

Попладнево во Монако беше извлечена ждрепката за Лига Европа, најзвучното име Манчестер јунајтед ќе гостува кај нашиот северен сосед откако Партизан се најде во иста група со „ѓаволите“.

Лига Европа

Познати се групите во најмасовното европско натпреварување, попладнево во Монако беше извлечена ждрепката за Лига Европа.

Најзвучното име Манчестер јунајтед ќе гостува кај нашиот северен сосед Србија, Партизан се најде заедно со „ѓаволите“ во Групата Л, каде уште се и Астана и АЗ Алкмар.

Прилично интересно ќе биде и во Групата Г каде се најдоа Порто, Јанг Бојс, Феенорд и Глазгов Ренџерс.

Првите мечеви од групната фаза во Лига Европа се на 19. септември, а последното коло се игра на 12. декември.