24фудбал

Меси, Роналдо и Ван Дајк ќе се борат и за наградата „Д Бест“, ова се сите финалисти (ФОТО)

Попладнево во Милано беа објавени финалистите за церемонијата „Д Бест“ на ФИФА, Лео Меси Кристијано Роналдо и Вирџил ван Дајк ќе се борат за награда Фудбалер на годината.

Останато

Аргентинецот, Португалецот и Холанѓанецот веќе седеа еден покрај друг кога минатиот четврток УЕФА во Монако ги прогласуваше најдобрите за минатата сезона.

Тројцата сега ќе се борат и за наградата Фудбалер на годината во избор на ФИФА односно трофејот „Д Бест“. Светската куќа на фудбалот попладнево ги објави финалистите и сосема очекувано Лео Меси, Кристијано Роналдо и Вирџил ван Дајк се имињата.

На цереминијата во Милано ќе се избира и најдобра фудбалерка, најдобрите тренери во машка и женска конкуренција, најдобрите голмани во машка и женска конкуренција, а ќе се додели и трофејот „Пушкаш“ за најубав гол.