24фудбал

Канцеларијата на Рома работеше турбо денеска, двајца дојдоа, еден замина

Рома беше повеќе од активна во последниот ден од преодниот рок, потпиша со Мхитарјан и Калиниќ, а си замина Шик.

Италија

Промени во офанзивата на Рома во финишот од преодниот рок.

Римската Волчица најпрво објави дека на позајмица го праќа Патрик Шик во Лајпциг за фиксна сума од 3,5 милиони евра. Клубот може да добие и дополнителни 500.000 евра од бонуси.

Доколку Лајпциг се пласира во Лигата на шампионите за наредната сезона, ќе има опција да го направи трансферот перманентен за сума од 29 милиони евра.

На позајмица во Рома дојде Хенрих Мхитарјан, волчицата на Арсенал ќе му плати три милиони евра, плус 100.000 во бонуси доколку се остварат одредени цели.

Рома не соопшти дали има опција и комплетно да го откупи Ерменецот.

Тие го позајмија и Никола Калиниќ од Атлетико Мадрид до крајот на сезоната. За позајмицата ќе платат два милиони евра, а ќе можат да го откупат целосно за уште девет милиони евра.