24фудбал

Официјално: Икарди потпиша за ПСЖ

Мауро Икарди го комплетираше преминот од Интер во ПСЖ, се работи за позајмица со опција за откуп по крајот на сезоната.

Франција

Пред самиот крај на преодниот рок Мауро Икарди направи трансфер од Интер во ПСЖ.

Се работи за Позајмица со опција комплетно да биде откупен по крајот на сезоната.

„Сакам да му се заблагодарам на ПСЖ за довербата која ја покажаа во мене. Ќе дадам се за да му помогнам на мојот нов тим да оди колку што е можно подалеку во сите натпреварувања. ПСЖ стана интернационална сила која е атрактивна за најголемите играчи во изминатите години. Амбициите тука се високи и сигурен сум дека имаме се што треба за да одиме подалеку од било кога“, вели Икарди.

Тој ќе го носи дресот со бројот 18.

„Скај Спорт Италија“ вели дека ПСЖ за позајмицата ќе плати 5 милиони евра, плус платата на Икарди од 7 милиони евра плс бонуси. Со опција следното лето за додатни 65 милиони евра да го направи трансферот перманентен.

Ако Икради потпише перманентен договор со ПСЖ, платата тогаш ќе му биде 10 милиони евра.