24фудбал

Точна беше анализата на Мурињо за Манчестер јунајтед по првите четири кола

Манчестер јунајтед имаше одличен старт на сезоната со убедлива победа над Челси, но потоа следуваа киксови против послаби екипи.

Англија

Јунајтед стартуваше со победа од 4-0 над Челси, а потоа одиграа реми против Волвс и Саутемптон, а загубија од Кристал Палас.

Мурињо имаше своја анализа по мечот меѓу Манчестер јунајтед и Челси која од денешна гледна точка се покажа точна.

„Челси не беше дефанзивно компактен, оставаа премногу простор за игра, немаше доволна агресија на топката, дефанзивната линија, средниот ред и нападот не беа компактни“, изјави Мурињо за „Скај Спортс“ тогаш.

„Мислам дека Јунајтед ќе има многу повеќе потешкотии да игра против тимови кои имаат покомпактни блокови. Доколку тие блокови се поназад поставени, ќе им биде навистина тешко без прав напаѓач“.

Тоа што го кажа Мурињо се покажа точно, по победата над Челси, за Манчестер јунајтед следуваа дуели со Волвс, Кристал Палас и Саутемптон од кои освоија вкупно два бода.