24фудбал

Избраниците на Ангеловски го одржаа првиот тренинг во Израел (ФОТО)

Ветувачки порази од Тричковски и Алиоски, Македонија нема друг избор отколку да тргне кон победа во пресметката со Израел ако сака овие квалификации да ги заврши успешно.

Македонија

Со доаѓањето на Пандев, Несторовски, Спировски, Трајковски и Димитриовски, кои пристигнаа директно од своите клубови во Израел, нашата репрезентација се комплетираше, а воедно веќе го одржа и првиот тренинг на израелска почва.





Фото: Фудбалска Репрезентација на Македонија (Facebook)

Иван Тричковски, во изјава за официјалниот сајт на Фудбалската федерација на Македонија, во пресрет на мегданот со Израел, вели дека поради мечот пред своја публика, противникот има предност, но верува дека претстојните два дена ќе бидат доволни за добра подготовка и вистински одговор на предизвикот.

Израел игра на домашен терен, има предност, но ние имаме уште два дена, кои се надевам ќе бидат доволни за да се подготвиме и да одговориме на предизвикот. Домашниот тим веројатно има поголем императив за победа, но ние знаеме како да одговориме“ вели Тричковски.

Не размислувам дали ќе го започнам мечот, кога доаѓам да играм за националниот тим секогаш сум подготвен на се’. Зад нас ги оставивме двата меча со Полска и Австрија, не ги заборавивме болните порази и сигурен сум дека извлековме поуки. Знаеме што треба да правиме, а доколку секој од нас си ја заврши задачата, сметам дека нема да имаме проблеми“ додаде офанзивецот.

Езгјан Алиоски пак, вели дека е максимално подготвен, додаде дека сега треба да се добие мечот со Израел, а потоа со поголема самодоверба да се одмерат силите и против Летонија.

Секогаш кога ќе дојдам тука со репрезентацијата, подготвен сум да дадам максимум. Така е и со сите играчи. Лесно е да се каже со зборови дека очекувам шест бода, и тоа е можно на теренот, но треба да го дадеме максимумот. Сега треба да го добиеме Израел, и потоа со поголема самодоверба да играме и со Летонија и таму да победиме“ изјави  Алиоски.

Мечот против Израел во Бер Шева избраниците на Игор Ангеловски го играат во четврток, во рамките на петтото квалификациско коло за пласман на Европското првенство 2020, во воведните четири кола, нашата репрезентација освои четири бода, односно по една победа и реми, а запиша и два порази досега.


Извор/Фото-вест: ffm.mk