24фудбал

Ултрасите на Интер во отворено писмо до Лукаку застанаа во одбрана на навивачите на Каљари

Ултрасите на Интер директно му посочија на Белгиецот дека во случајот со навивачите на Каљари не станува збор за никаков расизам, тие додаваат дека тоа е само начин кој го користат навивачите за да им помогнат на своите омилени екипи, нешто, што и самите тие го прават за време на натпреварите.

Италија

Ултрасите на Интер застанаа во одбрана на навивачите на Каљари кои расистички го навредија напаѓачот на „Нероаѕурите“, Ромелу Лукаку, а тој немил настан крена голема прашина во Италија, како и пошироко.

Лукаку погоди во победата на Интер против Каљари, тоа го стори откако успешно биеше во ударот од белата точка, а во тие моменти од трибините се слушнаа расистички навреди кон белгискиот напаѓач, тој настан повторно донесе голема дискусија околу проблемите со расизмот во фудбалот на генерална основа, а ултрасите на Интер во отворено писмо до Лукаку објаснија за тој настан, наведувајќи дека тоа е само начин за да се изнервира противникот.

Здраво Ромелу, ние ти пишуваме како „Курва Норд“, да, момците кои ти посакаа добредојде на твоето пристигнување во Милано. Навистина жалиме за тоа што мислиш дека тоа што ти се случи во Каљари беше од расистичка основа. Мораш да разбереш дека Италија не е како останатите северно Европски држави каде расизмот е ВИСТИНСКИ проблем“ пишуваат тие во своето писмо до Белгиецот, а потоа го дообјаснуваат својот став.

Ние разбираме дека тоа тебе ти се чинеше како навреда од расистичка основа, но, не е така како што мислиш. Во Италија ние користиме разни начинисамо за да му помогнеме на нашиот омилен тим, како и да ги направиме противниците нервозни, тоа не е расизам, туку да се судриме со нив“ додаваат ултрасите на Интер.

Ние сме мулти-етничка група на навивачи, организација, секогаш сме посакале добредојде за секого, без разлика од каде доаѓа. Како и да е, ние секогаш сме го користеле тој начин со останатите фудбалери од другите екипи во минатото, веројатно така и ќе продолжиме во иднина“ велат тие.

Ние не сме расисти, истото важи и за навивачите на Кањари. Треба да разбереш дека на сите стадиони во Италија луѓето навиваат за своите омилени тимови, но истовремено упатуваат негодување до противниците, не дека се расисти, туку само за да им помогнат на нивните омилени тимови. Те замолуваме сево ова да го земеш во предвид, тоа е однесувањето на италијанските навивачи како начин на почит од фактот дека тие се плашат од тебе за погодоците кои доаѓаат од тебе, а не дека те мразат или пак дека се расисти

Вистинскиот расизам е комплетно поинаква приказна, сите италијански навивачи добро го знаат тоа. Кога тоа го декларираш како расизам, тоа е проблем со кој мора се бори Италија, затоа што само помагаш во репресијата против сите фудбалски навивачи, вклучувајќи не и нас, со тоа би креирал проблем кој не е вистински тука, не на начинот на кој се гледа во останатите држави

Ние ти гарантираме дека во нашата група постојат многу навивачи од различни раси, доаѓаат од различни делови од Италија кои на ист начин знаат да ги провоцираат противниците, дури и да станува збор за иста раса, те замолуваме да ни помогнеш и да објасниш што е расизмот поточно, и тоа дека италијанските навивачи не се расисти“ се вели во завршните зборови во писмото.