24фудбал

Загина млад албански фудбалер во страшна сообраќајна несреќа

Албанскиот фудбалски талент со потекло од Косово, Амир Адеми загинал во Германија во тешка сообраќајна несреќа.

Германија

Сообраќајката се случила на патот меѓу Абенсберг и Анхофен, 22-годишниот фудбалер изгорел во автомобилот кој се запалил.

Се случила тешка сообраќајна несреќа откако се удриле Пежо и Пасат, фудбалерот бил приклештен кога автомобилот се запалил и поради огинот не можел да биде извлечен од спасувачките служби кои успеале да го спасат возачот во другиот автомобил.

Адеми бил фудбалер на Регенсбург и таму важел за еден од поталентираните играчи.