24фудбал

Ангеловски: Дали Адеми се потроши? Тој може сега да одигра уште еден цел натпревар, тоа е момче кое победи се во животот

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски има пофалби за Аријан Адеми кој беше херојот на нашата репрезентација во Бер Шева, одигра одличен меч и беше стрелец на погодокот.

Македонија

Македонија со бод се враќа од Израел, одигравме 1-1, погодкот го постигна Аријан Адеми кој беше неизвесен за настап на овој дуел поради повреда заработена во мечот со Хајдук.

На прес конференцијата по мечот, на прашањето дали Адеми се истроши и ќе може ли да одигра и против Летонија, селекторот Ангеловски одговори:

„Дали Адеми се истроши? Тој може и сега да одигра уште еден натпревар, тоа е момче кое победи се во животот. Доби неправедна суспензија на две години. Пред две години кога можеби сите го отпишаа јас стоев до него и му кажав дека ќе игра Лига на шампиони. Дечкото сега игра во Лигата на шампионите и видовте каков меч одигра за Македонија по таква повреда со Хајдук. Јас сум горд што имам фудбалери како Адеми и останатите“.

„Срце ме боли што го изоставив Тричковски, но тоа е одлука која морам да ја донесам во корист на тимот. Истото е и со Горан Пандев, кој тренер би се осмелил него да го остави на клупа во репрезентација, но ситуацијата беше таква. После таква повреда да дојдеш и да играш за репрезентација, јас само му се поклонувам на Пандев за се тоа што го има дадено за репрезентацијата“.