24фудбал

Ангеловски: Ова е еден од тие меча кога пред да почне си задоволен со бод, кога ќе заврши жалиш за другите два

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација вели дека овој бод од Израел нема да биде значаен доколку не се освојат сите три на гостувањето кај Летонија.

Македонија

Македонија одигра 1-1 на гостувањето кај Израел, а пропушти шанса да си замине и со целиот плен. Селекторот Ангеловски е разочаран што не ги освоивме сите три бода.

„Јас кажав дека се што ќе биде над три бода од овие два меча ќе биде одлично. Тука освоивме еден бод, но ова беше меч во кој пред натпреварот си задоволен и со бод но кога тој ќе заврши и ќе направиш анализа си разочаран затоа што не си ги освоил и другите два. Им честитам на моите фудбалери за прикажаната игра, покажаа уште еднаш ако се бори за дресот на Македонија и ова се играчи кои никогаш не се предаваат. Но овој бод нема да има никаква тежина доколку не ги освоиме сите три кај Летонија. Сега треба да направиме анализа, да видиме што треба да поправиме и во Летонија да ги освоиме сите три бода за да го завршиме овој двомеч успешно“, вели селекторот Игор Ангеловски по мечот.