24фудбал

Тите смета дека Меси и Роналдо се подобри од Нејмар, ја посочи и причината за таквиот став

Тите ја издвои главната причина за редоследот по квалитет кој го селектираше во однос на големите фудбалски ѕвезди каде кај двоецот на врвот нема место за Нејмар.

Останато

Селекторот на Бразил, Тите, изјави дека неговите очекувања се Нејмар да биде на врвот на фудбалот во периодот кој престои, меѓутоа, истовремено тој инсистира на тоа дека Нејмар и Роналдо се на едно повисоко ниво во моментов од фудбалерот на ПСЖ.

Тите ги изнесе своите ставови на често поставуваното прашање низ фудбалската јавност, тој нема дилеми во тоа дека Меси и Роналдо се на врвот, а додаде и за причината зошто Нејмар е ниво под дуото, наведувајќи дека станува збор за поискусни фудбалери од друга генерација.

Педесет проценти од погодоците постигнати од Бразил со Нејмар на теренот се најмногу поради неговите погодоци и асистенциите кои тој ги реализира. Од индивидуален технички аспект, во поглед на квалитетот, би ги издвоил Лионел Меси и Кристијано Роналдо, најмногу поради тоа што тие се од друга генерација“ посочи Тите.

Селекторот на „Кариоките“ воедно додаде дека би ги вметнал Нејмар и Еден Азар во слична компарација, иако за неговиот сонародник тврди дека е побрз егзекутор, а тоа го прави незапирлив на теренот.