24фудбал

Шпекулациите не допираат до Бејл: Ако барате одговори, прашајте во Реал Мадрид

Ѕвездата на Реал Мадрид тврди дека продолжил со напорна работа за време на тренинзите во „Кралскиот клуб“, тој додава дека постојаните шпекулации поврзани со неговата иднина едноставно не допираат до него.

Шпанија

Герет Бејл е секогаш интересна тема за медиумите кога пишуваат за Реал Мадрид, за Велшанецот се доби мислење дека е „вишок“ во тимот под водство на Зинедин Зидан, а тој веројатно е дека не сака да си замине од шпанската престолнина.

Подолг период низа шпекулации се поврзуваат со Велшанецот кој постојано е наведуван како фудбалер кој тропа на излезната врата од „Сантијаго Бернабеу“, но, самиот тој вели дека шпекулациите не допираат до него.

Шпекулациите за мојата иднина не допираат многу до мене, имав одличен летен одмор, останав со чисти мисли во текот на претсезонскиот период и многу беше пишувано за мене, нешто добро, а нешто и лошо, но продолжив со напорната работа на тренинзите“ изјави Бејл кој во моментов ги исполнува своите репрезентативни обврски кон Велс.

Работите кои се случија ова лето ќе останат приватни во самиот клуб, но, доколку барате одговори, можеби истите треба да ги побарате во Реал Мадрид, нив треба да ги прашате“ додаде Велшанецот.