24фудбал

Претседателот на Барса конечно проговори за Нејмар, како течеле преговорите и дали Бразилецот ќе пристигне во јануари

Во големо интервју претседателот на Барселона, Бартомеу зборува и за пропаднатиот трансфер на Нејмар.

Шпанија

Тие немаат намера да се обидат да го купат Бразилецот и во јануари. Баромеу вели дека дале се од себе, но не успеале да ги исполнат високите барања на ПСЖ.

„Нејмар не е во плановите за јануари. Имаше моменти кога имаше „случај Нејмар“. Летово дознавме дека Нејмар би можел да го напушти ПСЖ и Леонардо ги отвара вратите за преговори. Знаев дека и други клубови исто така преговараат, и Барса беше еден од нив. Но не дојде до договор бидејќи барањата не можевме да ги исполниме“, вели Бартомеу.

Иницијативата да потпишеме со Нејмар е спортска, Абидал, Планес, Валверде и луѓето кои скаутираат ми рекоа дека ако Нејмар е на пазарот, добро би било да се обидеме. Ништо не ветивме, но кога видовме дека ПСЖ јавно ги отвара вратите за преговори, зошто да не“.

„Многу фудбалери беа спомнати како дел од зделката, но Барселона никогаш не понуди играчи како дел од трансферот на Нејмар, ПСЖ имаше барања, но ние рековме дека тие се неприфатливи и одлучивме да сопреме, да не ги прифатиме нивните барања“.

„Барса направи се што е можно за Нејмар да дојде ова лето. Сите работевме тоа да се случи. Но не успеавме“.