24фудбал

Повеќе од три клубови се интересирале за Нејмар, но тој имал само една желба

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу открива дека неколку клубови се интересирале за Нејмар, но тој сакал само да се врати на Камп Ноу.

Шпанија

Трансфер сагата на Нејмар траеше цело лето и на крај тој остана во ПСЖ, Барселона не успеа да го купи.

Бартомеу потврди дека и Реал Мадрид бил заинтересиран за Нејмар, но и други клубови биле во трката.

„Реал Мадрид? Имаше повеќе од три клубови кои се обидуваа да го купат Нејмар, но тој повеќе пати им кажа на ПСЖ дека доколку треба да си оди, тоа ќе биде за Барса“, вели Баромеу.

„Знам дека Нејмар им кажал на ПСЖ да преговараат само со Барселона. Тој го направи тоа што требаше, но на крајот тој и ПСЖ решија тој да продолжи во Париз. Тој сакаше да си замине, но оваа сезона ќе игра за ПСЖ. Некои се разочарани, други се среќни. Ова не е лесно засилување од социолошка гледна точка. Сигурно дека има и играчи од првиот тим кои се разочарани“.