24фудбал

Голеада во Белград, Португалија ја совлада Србија со 4-2 (ВИДЕО)

Португалија си замина со три бода од гостувањето во Белград, избраниците на Сантош ја совладаа Србија во возбудлив меч со шест погодка.

ЕВРО 2020

Во дербито на денот, Србија и Португалија одиграа интересен меч, двете репрезентации играа со спуштен гард во вториот дел па љубителите на фудбалот видоа дури шест погодока. На крајот, избраниците на Сантош си заминаа од Белград со три бода и победа од 2-4.

Резултатот беше отворен во финишот на првото полувреме, Карваљо искористи едно недоразбирање во последната линија на Србија, голманот се судри со еден дефанзивец и подари водство за Португалија од 0-1.

Гуедеш по еден соло пробив зголеми на 0-2 во 58. минута и најави победа на актуелниот шампион на Европа. Србија сепак не се предаде и десет минути подоцна намали преку Миленковиќ по еден корнер од левата страна.

Во 80. минута следуваше контра на Португалија, Роналдо доби топка и мајсторски ја затресе мрежата на Србија за 1-3.

Митровиќ во 85. минута најави неизвесна завршница и намали на 2-3, но само 60 секунди подоцна, Бернардо Силва ги уби надежите на домаќините за добар резултат.


На вториот денешен натпревар од групата Б, Украина славеше со 0-3 на гостувањето кај Литванија и се зацврсти на врвот со 13 бода од пет одиграни натпревари.

Во Групата Х, фаворитите стигнаа до нови победи, па на врвот ситуацијата останува непроменета со три селекции со по 12 бода. Франција со 4-1 ја совлада Албанија, Исланд со 3-0 славеше над Молдавија а Турција се изнамачи против Андора и дури во финишот стигна до триумф од 1-0.

Англија без многу проблеми со 4-0 ја совлада Бугарија и се врати на првото место во Групата А,