24фудбал

Како ли ќе реагираат навивачите на Борусија Дортмунд на оваа изјава на Левандовски...

Веројатно е дека со оваа изјава полскиот навивач ќе привлече негодување од страна на навивачите на Борусија Дортмунд, клуб во кој играше четири сезони, по што следеше трансферот во редовите на „Баварците“.

Германија

Роберт Левандовски вели дека се почувствувал посебно по трансферот во Баерн Минхен од Борусија Дортмунд во 2014. година, полскиот напаѓач вели дека тој трансфер за него значело дека конечно ќе игра за голем клуб.

По овие зборови на Левандовски, тој јасно и директно посочи дека во дресот на Борусија Дортмунд не се чувствувал дека игра за голем клуб, а веројатно на оваа негова изјава ќе има големи негодувања од навивачите на „Милионерите“.

Се сеќавам на моите први денови во Баерн Минхен, кога за прв пат го облеков дресот на клубот, тоа беше посебно чувство. За прв пат, имав чувство дека носам дрес на еден голем клуб“ вели Левандовски во изјавата за „ФК Баерн ТВ“.

Пред извесен период 31 годишниот полски напаѓач потпиша нов договор со „Баварците“ со кој се обврза на верност со клубот до 2023. година, а претходно во дресот на тимот од Дортмунд играше четири сезони.