24фудбал

За претседателот на Франција, скандалот со химната на Албанија е неприфатлива грешка

Макрон лично му се извинил на албанскиот премиер поради тоа што на албанската фудбалска репрезентација и беше пуштена погрешна химна пред стартот на мечот во Париз, дел од квалификациите за ЕП 2020.

Останато

Франција славеше убедлива победа над Албанија со 4-1 во рамките на квалификациите за Европското првенство 2020. година, меѓутоа од мечот остана запаметен скандалот во моментите кога требаше да се скандира гостинската химна.

Фудбалерите на нашиот западен сосед останаа збунети откако беше пуштена погрешна химна, а овој скандал од мечот во Париз донесе неколкуминутно одложување на средбата се дури не се пушти вистинската химна на Албанија.

Иако ја отслушаа погрешната химна до крајот, сепак албанските репрезентативци останаа да сочекаат на вистинската, беа упорни во своите барања по што вистинската химна им беше пуштена, а извинување за скандалот лично добил албанскиот премиер Еди Рама од Емануел Макрон, за што и самиот потврди.

Претседателот Макрон ми упати извинување за скандалот со Француската фудбалска федерација околу нашата химна, тој сево ова го бележи како неприфатлива гршка, тој додаде дека во целосно ја поддржува реакцијата на нашите фудбалери“ се вели во соопштението за јавноста од страна на Рама.

Извинување следеше и од првиот човек на францускиот фудбал, Ноел Ле Грае, инаку наместо албанската, во Париз беше пуштена химната на Андора.