24фудбал

Гризман за промашениот пенал против Албанија ја „обвини“ неговата сопруга

Французинот вели дека на ударите од белата точка ќе треба да им обрне посебно внимание за време на тренинзите, во меѓувреме тој си најде „оправдување“ за промашениот пенал против Албанија.

Останато

Гризман иако ги одигра сите 90 минути во убедливата победа на Франција против Албанија (4-1), сепак напаѓачот на Барселона не успеа да се запише во листата на стрелците.

Ѕвездата на Барселона имаше голема прилика да постигне гол на средбата во Париз, меѓутоа не успеа да реализира од белата точка во првото полувреме, а тој имаше добра причина како оправдување за промашениот пенал.

Мислам дека виновник за промашениот пенал е мојата сопруга, бидејќи не го гледаше мечот. Играв добро, имав добра динамика во играта, но, едноставно не можете да погодите секогаш. Сепак, ќе морам повеќе да работам на пеналите за време на тренинзите“ рече  Гризман по мечот.

Промашениот пенал на Гризман против Албанија уште еднаш потсети на неговата лоша „историја“ која ја има во својата кариера кога се однесуваат ударите од белата точка, така беше и во периодот минат во дресот на Атлетико Мадрид.