24фудбал

Ќе следи луда завршница во нашата група, пет селекции во игра за второто место

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација одигра според планот во последните две кола од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020. година.

Македонија

Македонија синоќа славеше со 0-2 кај Летонија во Рига, а претходно ремизираше кај Израел (1-1), иако избраниците на Игор Ангеловски можеа да дојдат до две победи во низа, сепак, резултатите се задоволителни, а истите се уште нудат борба за второто место во групата „Г“ каде дури пет селекции имаат таква шанса.

Летонците уште еднаш покажаа дека се аутсајдери во нашата конкуренција откако по дури шест кола не обезбедија ниту еден освоен бод, а нашата селекција со синоќешната победа остана во игра за второто место, не е далеку ниту второто, меѓутоа таму со пет бода предност е Полска.

Остануваат уште четири натпревари за Македонија во овие квалификации, најнапред во октомври на домашен терен ја пречекуваме Словенија, за истиот месец да следи и гостувањето кај Полска. Веќе во ноември ќе влеземе во „финалето“ од квалификациите, прво гостуваме кај Австрија, за квалификациите да ги завршиме со дуел пред домашна публика против Израел, натпревар кој се чини дека ќе биде решавачки.

Табела: Полска 13, Словенија 11, Австрија 10, Израел 8, Македонија 8, Летонија 0.


Фото-вест: ffm.mk