24фудбал

Флорентино Перез објасни зошто Реал Мадрид не ги ангажирал Погба и Нејамр ова лето

Првиот човек на „кралевите“ на средба со партнерите на клубот и популарните „сосиос“ објаснил зошто ова лето не беа ангажирани Пол Погба и Нејмар.

Шпанија

Реал Мадрид во недела ќе одржи Генерално собрание, па Флирентино Перез денеска имал средба со партнерите на клубот и популарните „сосиос“.

Имало неколку теми на разговор а неизбежни биле и прашањата за настапот на трансфер пазарот. „Кралевите“ поторошија преку 300 милиони евра на засилувања, но не пристигна последната желба на Зинедин Зидан, односно Пол Погба.

Флорентино Перез објаснил дека кога некој клуб одбива да продаде играч, малку може да се стори, и практично било невозможно да се натера гигант како Манчестер јунајтед да се раздели со својата ѕвезда.

Во последните денови од летниот преоден рок, кога Барселона влезе во ќор сокак во обидите да го врати Нејмар, се говореше дека Бразилецот би можел да заврши во лутиот ривал и да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, но претседателот кажал дека тој никогаш немал права намера да го ангажира напаѓаччот.

„Ситуацијата на Нејмар ја следевме од дистанца“ – порачал првиот човек на Реал Мадрид.