24фудбал

Неверојатниот потег на Сколс за време на ревијалниот меч во чест на Компани... (ВИДЕО)

Генијалецот Сколс воодушеви со еден потег во додавањето за време на ревијалниот меч кој се одигра во Манчестер во чест на Винсент Компани, а имаше и хуманитарен карактер.

Останато

Многумина на шега велат дека Манчестер јунајтед треба да подразмисли да го врати легендарниот Пол Сколс за да му помогне на тимот, особено таа шега доби на големина по потегот на Сколс за време на ревијалниот меч за Винсент Компани.

Има 44 години, но, се уште умее со фудбалската топка, па така на мечот кој се одигра на „Итихад“ реализираше еден потег кој наиде на големо воодушевување кај целокупната јавност.

„Тој гледа некои работи кои другите луѓе не можат да ги видат“ напиша „Скај Спортс“ во однос на потегот на Сколс.