24фудбал

Азар и Куртоа сакаат повторно да бидат соиграчи со една ѕвезда на Челси

Се верува дека белгискиот двоец посакува една ѕвезда на Челси да ги следи нивните стапки и да се пресели во редовите на Реал Мадрид, и покрај тоа што на Зидан прва желба за засилување во средниот ред му е Пол Погба.

Шпанија

Еден Азар и Тибо Куртоа наводно силно посакуваат НГоло Канте повторно да им биде соиграч, овој пат во Реал Мадрид, тие обајцата веќе си заминаа од редовите на Челси, а тоа посакуваат да го стори и Французинот.

Според пишувањата на „Атлетик“, се вели дека белгискиот двоец посакува Канте да ги следи нивните стапки, а останува дилемата колку Реал Мадрид е заинтересиран за едно такво сценарио.

Се верува дека Азар и Куртоа се убедени во тоа дека францускиот фудбалер од средниот ред е перфектна солуција за Зинедин Зидан во обидите да се врати тимот на старите победнички патеки по лошата ланска сезона.

Истовремено, шпекулациите велат дека Азар и Куртоа веќе им се довериле на своите најблиски пријатели и им посочиле дека чувствуваат дека Реал Мадрид би требало да му постави статус на Канте како приоритетно засилување веднаш штом дојде идниот преоден рок, поточно во јануари, и покрај тоа што Зидан го посакува Пол Погба од Манчестер јунајтед.