24фудбал

Фалкао погоди на дебито за Галатасарај (ВИДЕО)

Колумбиецот уште во првиот меч во дресот на турскиот гигант ги израдува навивачите на таа екипа донесувајќи победа во тамошната „Суперлига“.

Останато

Радамел Фалкао го заврши својот двегодишен престој во Монако откако летово направи трансфер во Галатасарај, а 33 годишниот напаѓач веднаш почна да ги оправдува очекувањата од него во турската „Суперлига“.

Галатасарај славеше минимална победа над Кашимпаша на домашен терен, а единствениот гол беше дело токму на Фалкао, кој во 38. минута донесе голема радост на трибините од „Турк Телеком“ арената во Истанбул.