24фудбал

Одбраната на Арсенал изгледа смешно, прокоцкано водство од два гола против Ватфорд (ВИДЕО)

„Топчиите“ си заминаа од „Викариџ роуд“ само со бод и покрај тоа што имаа водство од 0-2 на полувреме, Ватфорд во вториот дел направи голем кам бек и имаше шанса за цел плен.

Англија

Ватфорд и Арсенал ги поделија бодовите во претпоследниот натпревар од 5. коло во Премиерлигата. „Топчиите“ имаа предност од 0-2 на полувреме, но ниту тоа не беше доволно за победа. Одбраната изгледаше смешно, кон голот на Лено беше упатен дури 31 шут, најмногу откако Опта мери ваква статистика на мечевите во Премиерлигата од сезоната 2003/04.

Гостите одлично го започнаа мечот, Колашинац му асистираше на Обамејнаг за 0-1 во 21. минута, а напаѓачот потоа рутински ја затрее мрежата во 32. минута и само постави нога по додавањето на Мејтланд Нилс за 0-2.

Но гостите се вратија во игра на стартот од вториот дел кога Сократис лошо додаде во сопствениот шеснаесетник, топката стигна до Клеверли кој реализираше за 1-2.

Потоа Давид Луиз направи наивен пенал а Переира во 81. минута изедначи од белата точка. Домаќините можеа и до целосен пресврт во судиското надополнување, Дукуре доби топка на 11 метри но лошо биеше по средината од голот и право во Лено.