24фудбал

„Единствен начин да го сопрете Лукаку е да му фрлите да јаде 10 банани“

Новинарот Лучано Пасирани доби отказ откако во емисија на Топ Калчо 24 изјави дека единствен начин да се сопре Ромелу Лукаку е да му фрлат 10 банани за тој да ги јаде.

Италија

Белгиецот пред две недели беше мета на расистички навреди на гостувањето кај Каљари, инцидент кој одново ја разбранува италијанската јавност. Ромелу Лукаку сега одново е во центарот на вниманието, и еден новинар доби отказ за своите коментари кои всушност се расистички.

Искусниот Лучано Пасирани во емисијата Топ Калчо 24 објаснуваше колку е добар напаѓачот, го фалаше, но сето тоа падна во вода коа на крајот рече дека единствен начин за да биде сопрен е да му се фрлат 10 банани.

„Лукаку е едно од најдобрите засилувања на Интер, тешко дека можеа да направат подобра зделка. Не гледам играч од негов калибар во било којдруг клуб од Италија. Тој е еден од најсилните, ми се допаѓа многу поради силата која ја поседува. Тој е брат близнак на Дуван Запата од Аталанта. Двајцата имаат нешто екстра што останатите го немаат, постигнуваат голови и го влечат тимот напред. Овие момци ве убиваат кога се еден на еден, ако се обидете да им се спротивставите ќе ве залепат на подот“ – изјави искусниот новинар, но погреши со последната реченица.

„Единствен начин да го сопрете Лукаку е да му фрлите да јаде 10 банани...“

Неколку часа по ваквата контроверзна изјава пристигна вест дека Лучано Пасирани добил отказ и повеќе нема да се појавува во емисијата.