24фудбал

Конте: Во Барселона сигурно не се среќни што ќе играат против Интер

Дуел помеѓу Барселона и Интер ќе можеме да проследиме уште во второто коло, каде „Нероаѕурите“ гостуваат на „Камп Ноу“, а мечот е предвиден да се одигра на 2. октомври.

Лига на Шампиони

Интер на домашен терен го пречекува тимот на Славија Прага, а Барселона гостува кај Борусија Дортмунд во првото коло од групата „Ф“ во Лигата на шампионите, обата натпревари се играат утре.

Новиот тренер на Интер, Антонио Конте на одличен начин ја стартуваше новата сезона во Серија А, бележејќи три максимални победи досега, а од утре следи голем предизвик за тимот од Милано кој конечно се врати во Лигата на шампионите.

Сакаме да ги направиме нашите навивачи горди, да понудиме фудбал кој ќе ги импресионира, а со тоа тие да можат да се идентификуваат“ изјави Антонио Конте.

Тешко е да се постави целта, далеку сме од тоа, најважното од сево моментов е да даваме 100% од нас и да не жалиме за ништо, знам колку е тешко да се освои Лигата на шампионите, исто така знам и колку е болно да се загуби во финалето од тоа натпреварување“ додаде Италијанецот кој посочи дека во Барселона сигурно не се среќни што за противници уште во фазата по групи ги добија „Нероаѕурите“.

Да се има еден противник како Барселона во групата е фасцинантно, тоа ќе биде натпревар кој ќе не притисне сите да го дадеме максимумот од нас, исто така верувам и дека во Барселона не се среќни што ќе играат против Интер. Соочувањето со големите екипи е најдобар начин за ние да видиме каде сме“ заклучи Конте.