24фудбал

Моџи за Сари: Тој има лоша навика, секогаш бара оправдувања

Маурицио Сари се соочи со критики од јавноста по оправдувањата кои ги изнесе по ремито без голови кај Фиорентина изминатиов викенд, од друга страна пак, Интер продолжи со максимален ефект на победи во Серија А.

Италија

Поранешниот директор во Јувентус, Лучијано Моџи го коментираше оправдувањето на шефот на стручниот штаб на „Старата дама“, Маурицио Сари, кој по ремито кај Фиорентина без голови рече дека не било лесно да се игра на пладне (15ч.) и во такво топло време.

Со коментар по таа негова изјава се одзва и Антонио Конте, тренерот на Интер, кој посочи дека Сари сега е на моќната страна, воедно и го советуваше да се смири, алудирајќи на тоа што претходно беше тренер на Наполи, а сега е на италијанскиот првак Јувентус.

Тој има една многу лоша навика, секогаш бара оправдувања, тоа го прави секаде каде што работи“ рече Моџи во изјавата за „Радио Пунто Нуово“.

Тоа е лошо за фудбалот, а Конте има право да му одговори на таков начин, секогаш сметав дека за да има некакви промени во натпреварот, потребно е да се променат фудбалерите, а тој тоа не го стори. Јувентус има големи шампиони во својот тим кои можат со еден потег да решат натпревар, но, нивната игра не се промени“ заклучи Моџи.

Што се однесува до заминувањето на Масимилијано Алегри од клупата на Јувентус, Моџи истакна дека тоа се случило поради крајот на една ера, бидејќи во Јувентус биле убедени дека е потребна промена на стилот на игра кој често бил критикуван.