24фудбал

Астрономска понуда на Реал за Мбапе, ова се деталите за новиот „галактико“ трансфер на Перез

Килијан Мбапе подолго време е желба на Флорентино Перез и претседателот на Реал Мадрид нема да штеди во намерата да го донесе млдиот Французин на Сантијаго Бернабеу.

Франција

„Кралевите“ планираат да ги поместат границите на трансфер пазарот за Килијан Мбапе да го облече белиот дрес. Лидерите на клубот веруваат дека следното лето е идеално за „галактико“ трансфер и Флорентино Перез нема да штеди за да го донесе фудбалерот во Мадрид.

Новинарот Едуардо Инда во емисијата „Ел Чирингито“ откри дека Реал начелно веќе се има договорено со Килијан Мбапе за преселба на Сантијаго Бернабеу. Двете страни си подале рака за плата од 35 милиони евра плус додатни 5 милиони во бонуси во зависност од освоените титули, со што репрезентативецот на „триколорите“ ќе стане еден од најплатените играчи во светот на фудбалот.

За да го натере ПСЖ на продажба, Флорентино Перез подготвува рекордна сума од 225 милиони евра, плус додатни 50 милиони евра во бонуси, со што ова ќе биде најскапата зделка во историјата.