24фудбал

Никој не ја обжали пресудата, Кокорин и Мамаев предвреме пуштени на слобода (ВИДЕО)

Фудбалските ѕвезди Александар Кокорин и Павел Мамаев утрово го напуштија затворот во Белгород, судот одлучи да ги пушти на условна слобода.

Останато

По 11 месеци зад решетки, Александар Кокорин и Павел Мамаев се на слобода. Репрезентативците на Русија утрово го напуштија затворот во Белгорд и покрај тоа што требаше да одлежат уште половина година.

Двајцата завршија зад решетки во октомври минатата година кога нападнаа службеник на министерството за трговија и претепаа возач во Москва.

Во мај годинава, Александар Кокорин доби 18 месеци затвор, додека пак Павел Мамаев доби 17 месеци. Но судот во Белгорд на почетокот од овој месец одлучи да ги пушти на условна слобода, никој не поднесе жалба, па пресудата за 10 дена стана правосилна и фудбалските ѕвезди денеска им се вратија на своите сакани дома. Од затвор излезе и помалиот брат на Александар Кокорин, Кирил.

Медиумите од Русија пишуваат дека фудбалерите наскоро ќе се вратат на терените. Кокорин уште вчера потпишал нов договор со Зенит, а Мамаев се уште е обврзан кон Краснодар.