24фудбал

Изненадување во Милано, Славија Прага води против Интер! (ВИДЕО)

Големо изненадување во Милано, ќе потсетиме дека претставникот на Славија Прага беше затекнат како се смее за време на ждрепката на групите во Лигата на шампионите, алудирајќи на тоа дека неговиот тим ги доби големите Барселона, Борусија Дортмунд и Интер, но, Славија Прага веќе покажува дека може да ги расипе сметките на фаворитите во групата.

Лига на Шампиони

Интер се мачеше во првото полувреме во дуелот против Славија Прага во рамките на првото воведно коло од Лигата на шампионите, а откако првите 45 минути се одиграа без постигнат гол, конечно мрежата се затресе во второто полувреме.

Олајинка во 64. минута донесе шок за домашната публика во Милано откако погоди за водство на Славија Прага, а сигурно дека овој гол за чешкиот клуб ќе донесе уште подобар меч во Италија во продолжението од пресметката.

Голот на гостите инаку беше прегледуван со помош на ВАР технологијата, по што беше утврдено дека нема ништо сомнително.


Претходно, Лион од пенал со голот на Депај израмни во дуелот против Зенит, откако рускиот тим имаше минимална преднос на паузата.