24фудбал

Клоп по поразот од Наполи: Можам да кажам многу работи, но...

Ливерпул синоќа доживеа пораз на гостувањето кај Наполи, загуби со 2-0, италијанскиот тим поведе од контроверзен пенал.

Лига на Шампиони

Со голови во финишот на Дрис Мертенс и Фернандо Љоренте Наполи со 2-0 го победи Ливерпул.

Водството на Наполи беше од пенал кој го одглуми Каљехон, но ВАР само ја потврди одлуката на судијата.

Тоа го промени натпревари. Жал ми е, но кога играчот ќе скокне пред да има контакт не може да биде пенал. Можам да кажам многу работи, но ќе изгледам како лош губитник“, вели Клоп.

„Кога ќе го погледнете повторно гледаде дека е грешка се разбира, но луѓе се тие кој одлучуваат дали е грешка и ВАР се луѓе, има потенцијални грешки, но не можеме да направиме ништо сега околу тоа. Мора да ја прифатиме одлуката. Тие ќе најдат начин да кажат дека одлуката била исправна и ние треба да ја прифатиме“.