24фудбал

Роналдо: Имам комплетна доверба само во четири луѓе

Кристијано Роналдо верува дека им верува само на четворица, но не ги открива нивните имиња, зборува и за пасијата која ја има кон победувањето.

Италија

Кристијано Роналдо вели дека само на четворица луѓе може комплетно да им верува и тоа му е доволно.

„Сто проценти им верувам само на четири луѓе. Нема да ви кажам кои но комплетна доверба имам само во овие луѓе и тоа ми е доволно“, вели Роналдо.

Роналдо вели дека има опсесија за победување, тој не ги брка рекордите туку тие го бркаат него.

„Имам опсесија да победувам и работам на тоа. Рекордите се дел од мене. Не бркам рекорди, рекордите ме бркаат мене. Јас сум зависен од тоа да победувам и мислам дека тоа не е лоша работам. Тоа ме мотивира. Ако нешто не ве мотивира мора да прекинете. На крајот рекордите си доаѓаат природно“.