24фудбал

Ансу Фати ќе игра за Шпанија, младиот фудбалер избирал меѓу три земји

Новата сензација на Барселона, Ансу Фати одлучил да настапува за шпанската репрезентација, пишуваат медиумите од оваа земја.

Шпанија

Со само 16-години Ансу Фати го привлече вниманието на себе откако имаше неколку фантастични партии во дресот на Барселона.

Со оглед на тоа што може да игра за три држави, брзо се појави прашањето за која земја би настапува Фати.

„Кадена Сер“ информира дека Ансу Фати ја информирал Шпанската фудбалска федерација дека има намера да настапува за Шпанија.

Покрај Шпанија, тој можеше да одбере да настапува и за Гвинеја Бисау од каде што потекнува но и за Португалија бидејќи има пасош и од оваа земја. Неговиот татко Бори Фату од Гвнеја Бисау емигрирал во Португалија каде играл фудбал во некои ниски лиги пред да се пресели во Мариналеда во близината на Севиља.