24фудбал

Баркли тврди дека немало расправија со Вилијан за пеналот, но, чудна беше реакцијата на Жоржињо (ВИДЕО)

Иако негодуваше, Жоржињо имаше џентлменска реакција потоа откако се врати да му посака среќа на својот соиграч, што се однесува пак до Вилијан, тој даде спротивна изјава од тврдењата на Баркли, не криејќи дека сакал тој да го шутира пеналот.

Лига на Шампиони

Челси тргна со пораз во првото коло од Лигата на шампионите, Валенсија си замина со сиот плен од гостувањето во Лондон откако триумфираше минимално, а Премиерлигашот можеше и до реми, меѓутоа во завршницата Рос Баркли беше трагичарот.

Даниел Вас играше со рака во казнениот простор на Валенсија, а по прегледувањето на снимките преку ВАР технологијата, Чунејт Чакир донесе конечна одлука за пенал во 87. минута за домаќинот.

Токму Баркли ја презеде одговорноста да се обиде да погоди од белата точка, но промаши во својот обид, Англичанецот по мечот тврдеше дека немало никаква расправија со неговиот соиграч Вилијан, напротив, Бразилецот го поддржувал, сепак, од снимките јасно се гледа дека постои негодување од Жоржињо, кој по заминувањето на Азар од тимот на Челси ова лето стана прв изведувач на ударите од белата точка во Челси, за издвојување е тоа што Жоржињо потоа се врати и го поддржа својот соиграч дури и во таква ситуација.

Тие ме поддржуваа да постигнам гол, очигледно дека и тие самите беа убедени дека можат да погодат, но, јас лично вежбам пенали секој ден, не промашувам за време на тренинзите, истото се случуваше и за време на претсезонските подготовки, каде погодував, не сум среќен што промашив, но, тоа е, се случува...“ рече Баркли во изјавата за „Ивнинг Стандард“, а Вилијан пак во изјава за „Метро“ вели нешто друго.

Сакав да го изведам пеналот, но тој беше убеден дека треба токму тој да се обиде, сепак, истото можеше да ми се случи и мене, или на Жоржињо, или било кој друг. Фудбалот е таков, непредвидлив, но, кога победуваме, победуваме заедно, кога губиме, тоа го правиме колективно“ посочи Бразилецот.