24фудбал

Рома има стил: Со видео касета промовираше ретро дрес (ВИДЕО)

„Римската волчица“ ќе дебитира во оваа гарнитура дресови на мечот против Истанбул Башакшехир во првото коло од групната фаза од Лига Европа.

Италија

Италијанскиот калчолигаш Рома ја претстави својата трета гарнитура дресови за актуелната сезона, а во истата дизајнот е сведен на темно сина боја со црвено-жолти нијанси.

Дизајнот на третата гарнитура дресови на „Римската волчица“ потсетува на нивните дресови, исто како трета опција, во далечната 1991/92 година, ова секако е ретро стил за италијанскиот прволигаш.

Според најавите од Италија, Рома ќе дебитира во оваа гарнитура дресови на утрешниот меч против Истанбул Башакшехир во Лига Европа.