24фудбал

Тотнем прокоцка победа кај Олимпијакос, реми без голови помеѓу Бриж и Галатасарај (ВИДЕО)

Завршија двете пресметки од втората рунда натпревари во воведното прво коло од групите во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Тотнем иако имаше предност од 0-2, на крајот ќе мора да се задоволи само со бод од гостувањето кај Олимпијакос откако обете екипи ремизираа со резултат 2-2, а со оглед на тоа како течеше средбата, за домаќинот ова е бод исто како победа.

Кејн од пенал во 26. минута го доведе Тотнем во почетно водство од 0-1, а Мура само четири минути подоцна го дуплираше водството на Премиерлигашот и на 0-2.

Во продолжението од средбата Поденсе на само една минута пред паузата намали на 1-2, за веќе Валбуена во 54. минута од пенал да погоди за конечни 2-2.


Иако возбудлив и исполнет натпревар со шанси одиграа Бриж и Галатасарај, сепак обете екипи не успеаа да постигнат гол на пресметката во Белгија, па така мечот заврши без погодоци и поделба на бодовите.