24фудбал

Адеми асистент, Оршиќ испиша историја, Динамо тргна со убедлива победа (ВИДЕО)

Аријан Адеми и Динамо одлично ја стартуваа авантурата во групанта фаза од Лигата на шампионите, Македонецот забележа асистенција а неговиот соиграч Оршиќ испиша историја во победата од 4-0 над Аталанта.

Лига на Шампиони

Динамо Загреб ги прекина лошите настапи во групната фаза од најелитното европско натпреварување и серијата од 11 порази. Вечерва пред своите фанови ја совалада Аталанта со 4-0.

Аријан Адеми асистираше во убедливата победа, Македонецот исто така помогна и неговиот соиграч Мислав Оршиќ да испише историја и да постигне хет-трик на дебитo во Лигата на шампионите.

Резултатот беше отворен во 10. минута, Леовац погоди за 1-0. По половина час игра, Леовац му асистираше на Оршиќ за 2-0, а пред финишот на првиот дел Адеми го проигра Оршиќ за 3-0. Во 68. минута Оршиќ по трет пат ја затресе мрежата на гостите за убедлива победа од 4-0.