24фудбал

Бонучи бесен: Не смееме да продолжиме да примаме толку многу голови од прекини

Леонардо Бонучи беше нервозен по ремито на гостувањето кај Атлетико Мадрид откако Јувентус водеше 2-0 но не победи.

Лига на Шампиони

Со головите на Квардадо и Матуиди, Јувентус водеше со 2-0 во Мадрид, но Атлетико постигна два гола со глава од прекини и израмни на 2-2.

„Штета е што примивме два гола од прекини. Одигравме одлично, но мора да бидеме пофокусирани бидејќи ова во последниот период ни се случува многу често. Сите треба да бидеме поконцентрирани. Тим како нас не смее да продолжи да прима толку многу голови од прекини“, вели Бонучи.

По крајот на мечот имаше и тензија меѓу играчите на Јувентус.

„Бевме гладни за победа, па имаше тензија по последниот свиреж. Секој треба да ја превземе одговорноста за примените голови и ние валканиот веш го переме зад затворени врати“.