24фудбал

Холандски фудбалер убиен во Амстердам (ФОТО)

Холандскиот фудбалер Калвин Мејнард е убиен во Амстердам откако во него биле истрелани неколку куршуми.

Останато

32-годишниот фудбалер бил во својата кола кога бил застрелан со неколку куршуми. Полицијата е во потрага по осомничените двајца кои веднаш откако го направиле делото избегале со црн скутер.

Мејнард веднаш им подлегнал на повредите, а мотивите за убиството не се познати.

Тој беше член на холандскиот нисколигаш Алфенс Бојс, но претходно играл за Бартон во Англија, како и за Волендам, Емен... во Холандија.