24фудбал

Роналдо го објасни гестот кон навивачите на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Првата ѕвезда на „Старата дама“ не успеа синоќа во Мадрид да се запише во листата на стрелците иако неговиот тим постигна два гола, по едно промашување тој брзо гестикулираше кон навивачите на Атлетико.

Лига на Шампиони

Не е така далечен реванш мечот во осминафиналето од ланската сезона во Лигата на шампионите, помеѓу Јувентус и  Атлетико Мадрид, иако „Јорганџиите“ дома славеа со 2-0 и беа со една нога во четвртфиналето, Кристијано Роналдо со хет-трик речиси сам ги елиминираше.

Како поранешен член на Реал Мадрид, Роналдо сигурно има посебна мотивација во пресметките против тимот на Диего Симеоне, а тој иако ги одигра сите 90 минути од синоќешната пресметка која заврши со реми од резултат 2-2, не успеа да ја затресе мрежата на шпанскиот прволига.

За време на мечот во Мадрид, кратко откако промаши добра шанса за „Старата дама“, Роналдо имаше гест кон навивачите на Атлетико Мадрид, кои постојано упатуваа свирежи кон него, а гестот имал значење со следните зборови: Учете, вие треба да учите...“, за што потврди и самиот Португалец по мечот.