24фудбал

Мексиканецот „стрелаше“ од слободен удар: Првиот гол на Чичарито во дресот на Севиља (ВИДЕО)

Убав гол на Мексиканецот кој учествуваше со гол од слободен удар за шпанскиот прволигаш во убедливата победа во првото коло од групите во Лига Европа.

Лига Европа

Севиља на одличен начин ја стартуваше новата сезона во Примера, а во најсилниот шпански фудбалски шампионат е лидер на табелата, истовремено, тимот кој го предводи поранешниот стратег од клупата на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, стартуваше одлично и во Лига Европа.

Тимот на Лопетеги славеше убедлива победа од 0-3 на гостувањето кај Карабах во првото коло од Лига Европа, а гостите иако не успеаа да постигнат гол во првото полувреме, во второто ја наполнија мрежата од голот на домаќинот.

Еден од вкупно трите погодоци на Севиља беше дело на Хавиер Чичарито, кој летово направи трансфер од Вест Хем, Мексиканецот „стрелаше“ умешно од слободен удар, а Асмир Беговиќ немаше прилика за реакција во оваа ситуација...