24фудбал

Жанко Савов е нов тренер на Осогово

Осогово назначи познато тренерско име, со Жанко Савов ќе се обиде да ја оствари целта за оваа сезона, опстанок во втората лига.

Македонија

По очајниот старт на новата сезона во која имаат четири порази од четири натпревари, Осогово прави сериозни промени. Најпрво потпиша со Ацо Стојков, а сега како тренер го носи Жанко Савов.

Жанко Савов како играч е трикратен освојувач на титулата на Македонија со тимот на Вардар со кој на два наврати го освои и Купот, а еднаш и со тимот на Цементарница. Покрај за Вардар и Цементарница,во Македонија има настапувано и за Беласица и Пелистер. На интернационална сцена настапуваше во Јужна Кореја за тимот на Џонбука, како и за Раднички Ниш од Србија.

Како тренер има работено во  Цементарница55, Маџари Солидарност, Борец Тетекс, Македонија Ѓорче Петров, Победа Валандово и Детонит Радовиш како негов последен ангажман.