24фудбал

Зидан со коментар за шпекулациите со Мурињо и Реал Мадрид

Нема дилеми дека е разнишано столчето на популарниот „Зизу“ на клупата на Реал Мадрид, дополнително шпанските медиуми пренесоа дека челниците на клубот биле бесни на неговата одлука да им даде слободен ден на фудбалерите во четвртокот, по катастрофата против ПСЖ.

Шпанија

Реал Мадрид е во проблеми, а Зинедин Зидан никако да успее да ги склопи добро коцките за да го врати тимот на старите победнички патеки, дополнително над францускиот фудбалски стратег има голем притисок и со шпекулациите кои Жозе Мурињо го поврзуваат со клупата на „Кралевите“.

На пресконференцијата во пресрет на мечот со Севиља во Примера, Зидан беше запрашан за шпекулациите околу тоа дали е возможно тој да се повлече.

Не размислувам на таа тема, мислам само на победа за утрешниот меч, вие (новинарите) сте тука да зборувате на таа тема, а тоа и го правите. Работите кои се изнесуваат вон клубот едноставно не може да бидат контролирани“ рече Зидан, а веднаш потоа беше запрашан и за сториите со Мурињо.

Тоа не ме вознемирува, воопшто не допира до мене, во овој клуб, доколку загубите еден натпревар, морате да промените сешто можете“ заклучи Французинот.

Реал Мадрид забележа убедлив пораз од 3-0 на гостувањето кај ПСЖ во првото воведно коло од групите во Лигата на шампионите, дополнително, „Кралевите“ не упатија ниту еден шут во рамките на голот на францускиот првак на таа средба во Париз.

Не можеше да биде полошо, па утревечер Реал Мадрид гостува кај мотивираната Севиља која по четири кола е прва на табелата во Примера без пораз, инаку таа екипа од клупата е предводена од страна на Хулен Лопетеги, екс тренерот на Реал Мадрид кој не се прослави во шпанскиот гигант.