24фудбал

Пораз и од Гранада, Барселона го има најлошиот старт на сезоната од 1994 година (ВИДЕО)

Уште една лоша партија на Барселона оваа сезона, можеби најлошата досега, загубија од Гранада со 2-0 и што е уште потрагично имаа само еден шут во рамките од голот на противникот.

Шпанија

Барселона загуби со 2-0 на гостувањето кај Гранада. Каталонците го имаат најлошиот старт на една сезона од 1994, и тогаш имаа освоено само седум бода од пет натпревари.

Дека не и се пишува добро на Барселона се виде уште на почетокот кога Азиз даде гол за водство на Гранада од 1-0.

Можеби се очекуваше Барселона да го сврти натпреварот но тоа не се случи. Во второто полувреме во игра влезе Меси кој се враќа по повредата, но ниту тој непомогна.

Напротив, Гранда даде гол од пенал во 66. минута преку Вадиљо за конечни 2-0.

Киксот на Барса не го искористи Атлетико Мадрид, одигра само 0-0 со Селта.

На табелата прва е Гранада со 10 бода колку што имаат Севиља и Атлетико, но тимот од Андалузија има меч помалку, утре го пречекува Реал Мадрид.