24фудбал

Симеоне го кодошеше Рамос кај линискиот судија: Како можеш да го дозволиш тоа? Ти рече ку*вата што те родила! (ВИДЕО)

Камерите на Мувистар уловија интересен момент од синоќешното градско дерби помеѓу Атлетико и Реал, Диего Симеоне го кодошеше Серхио Рамос кај линискиот судија и бараше санкција за капитенот на „кралевите“.

Шпанија

Без многу возбуда и контроверзии на теренот, Диего Симеоне се обиде да ја разгори ситуацијата на дербито на Мадрид.

Кон финишот на првиот дел, Серхио Рамос му дофрли нешто на помошникот, веројатно пцовка, а тренерот на Атлетико жестоко протестираше и бараше казна за капитенот на „кралевите“..

Тој најпрво му се пушти на линискиот судија и му кажа: „Како може да го дозволиш тоа? Ти рече „ку*вата која те родила!““.

Темпераментниот Аргентинец потоа влезе во расправија и со четвртиот судија, кој се обидуваше да ги смири страстите. Во целата дебата се вклучи и фитнес тренерот Профе Ортега, кој го потсетуваше четвртиот судија дека Диего Коста за слична пцовка против Барселона доби црвен картон, а потоа и суспензија од осум меча.

Кога главниот судија означи крај на првиот дел и играчите се упатија кон тунелот и соблекувалните, Диего Симеоне се уште протестираше, покрај него најпрво помина Серхио Рамос кој само го поздрави, а потоа Касемиро имаше краток разговор со стратегот и се обиде да го смири.