24фудбал

И Роналдо е само човек, ЦР7 откри кога и зошто го прекршува строгиот режим на исхрана

Кристијано Роналдо вели дека 90% од успехот и добриот фитнес се должи на добар сон, добар тренинг и добро опоравување но открива дека и тој е само човек и понекогаш знае да јаде пица со својот син.

Италија

Португалецот внимава на своето тело и затоа толку многу години е на врвот. Кога тој потпиша за Јувентус летото во 2018, се појавија детали од лекарските прегледи.

Медиумите пишуваа дека Кристијано Роналдо има 7% телесни масти, а вообичано оваа бројка кај играчите се движи помеѓу 10 и 11%. ЦР7 исто така има мускулна маса од 50% која вообичано не надминува 46% кај останатите фудбалери, или во кратки црти, тој има тело на 23 годишен фудбалер.

Кристијано Роналдо сега вели  дека 90% од успехот и добриот фитнес се должи на добар сон, добар тренинг и добро опоравување но открива дека и тој е само човек и понекогаш знае да јаде пица со својот син и да го прекрши строгиот режим на исхрана.

„Точно е тоа што медиумите го пишуваа за телесните масти“ – вели напаѓачот. „90% од мојот успех и добриот фитнес се должи на добар сон, добар тренинг и добро опоравување. Нема тајна, едноставно морате да се грижите за вашето тело, ако вие самите не го правите тоа, друг сигурно нема да го прави за вас“.

„Секако, не сум ваков секој ден. Понекогаш знам да јадам пица со мојот син! Доколку не го правам ова, ќе изгледам прилично здодевен... Но најважно е да се грижите за вашето тело и да јадете правилно“.

Кристијано Роналдо, кој во февруари следната година ќе полни 35, додава дека сега многу поинтелегентно работи на својот фитнес.

„Не можам да одам во теретана секој ден, потребен е баланс. Како одминуваат годините, почнувате да разбирате дека многу важено е да го познавате вашето тело, и како да тренирате интелегентно. Наместо на квантитет, треба да се фокусирате за квалитет. Го научив тоа. Кога бев помлад, работев многу поразлично. И понатаму се чувствувам добро, фит, мотивирано. Исто така, мислам дека многу важна е вашата состојба на умот. Доколку сте мотивиран, тоа ќе ви помогне многу“.