24фудбал

Дијаби Фадига објасни зошто од собелувалната го украл часовникот на Долберг: Бев кукавица, наместо...

Фудбалскиот клуб Ница реши да го раскине договорот на талентираниот Ламине Дијаби Фадига по кражбата на часовникот на Каспер Долберг, талентираниот фудбалер објасни зошто го сторил тоа и се извини за својата постапка.

Франција

Минатиот месец се случуваше срамна епизода во соблекувалната на Ница, беше украден часовник вреден 70.000 евра во сопственост на големото летно засилување Каспер Долберг.

Истрагата покажа дека виновник е 18 годишниот Ламине Дијаби Фадига, дете од академијата и еден од поталентираните фудбалери од кого Ница очекуваше многу во иднина.

Тинејџерот со ваквиот потег практично стави крај на својата авантура на Алианц Ривиера, Ница немаше многу избор и мораше да го избрка.

„Ница го раскина договорот на Ламине Дијаби Фадига. По кражбата на часовникот на Каспер Долберг од соблекувалната на првиот тим, и признанието на играчот, клубот реши веднаш да ја прекине соработката. Без разлика какви ќе бидат спортските и финансиските последици, Ница не може и нема да прифати вакво однесување и предавство на довербата која ги обединува сите вработени во клубот и сите членови на „црвено-црното“ семејство“ – гласеше извесувањето.

Потоа на социјалните мрежи се огласи и самиот Ламине Дијаби Фадига кој ја објасни својата постапка и се извини.

„Минатата сезона гордо го носев дресот на клубот од моето детство во Лиг 1. Но за жал се повредив и паузирав неколку месеци а моето враќање во првиот тим беше додатно одложено поради црвен картон заработен на натпревар со У19 тимот. Тоа влијаеше психолошки врз мене, и додека мене ништо не ми поаѓаше од рака, ситуацијата беше спротивна кај мојот соиграч Каспер Долберг, кој бележеше успеси. Го украдов часовникот без причина, можеби бев малку љубоморен. Наместо да се натпреварувам со него на теренот и да се борам за место во тимот, јас направив кукавички потег. Не го сторив тоа поради алчност, туку поради фрустрација и разочарување. Имам само 18 години, но мојата возраст не е оправдување. Па затоа веднаш се пријавив кај Долберг, господинот Фурние (генерален директор на Ница), тренерот Патрик Виеира и капитенот Данте, и им се изивнив на сите. Исто така ветив дека целосно ќе го компензирам соиграчот и го сторив тоа. Му посакувам многу успех на Долберг во Ница и во кариерата. Можеби еден ден повторно ќе се сретнеме на терените и оваа епизода ќе биде само еден лош спомен. Сакам да им се извинам и на фановите. Многумина ми даваа поддршка и покажаа добрина откако дојдов во овој клуб кога имав 14 години. Сигурно се разочарани и со право се разочарани. Го напуштам клубот во кој од мали нозе сакав да успеам и да белснам, и за мене ова е најголемата казна. Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои веруваа во мене. Се надевам дека еден ден ќе им покажам дека биле во право и дека ова не сум вистинскиот јас. Моето искупување ќе биде на теренот, сега сакам да се посветам на мојата пасија, фудбалот “ – гласеше постот на Ламине Дијаби Фадига.